За кого е наменет процесот?

Коучинг за професионлна ориентација е за професионалци кои на хартија имаат „сè“, но одвнатре чувствуваат застој, замор или незадоволство. За оние кои секојдневно ја вршат истата работа, но сè почесто се прашуваат дали ова е вистинската насока за нив.

За луѓе кои размислуваат за промена на кариера, но ги кочи стравот од неизвесност, финансии или прашањето дали воопшто е „предоцна“ за нов почеток. За лица кои се чувствуваат притиснати од уверувањата и стереотипите на околината, а чувствуваат дека можат многу повеќе.

Овој процес е за тебе ако:

  • се наоѓаш на раскрсница и не можеш да донесеш јасна одлука
  • имаш стабилна работа, но чувствуваш незадоволство или конфузија
  • раководиш со тимови, но имаш потешкотии во раководењето
  • размислуваш за промена на кариера или индустрија
  • за прв пат избираш кариера или правиш први професионални чекори
  • невработен/а си и се уште се бараш себе си и каде припаѓаш професионално.

Во процесот можеш да очекуваш:

  • поголема јасност за твоите лични интереси и вредности
  • откривање на сопствените потенцијали и вештини
  • дефинирање реални и значајни професионални цели
  • зголемена самодоверба во донесувањето одлуки
  • конкретни чекори и план за понатамошен развој

Секој процес е индивидуален и се прилагодува на твоите потреби, темпо и контекст.