Канцеларија за професионална ориентација

Секој човек има вештини, таленти, искуства и потенцијали. Tие ресурси треба да се препознаат, поврзат и искористат на вистински начин.

Со вистински прашања, техники и поддршка – вистинската насока станува видлива.


Што е коучинг?

Личен и кариерен развоен процес е структуриран разговор и работа на себе со цел да донесеш јасни одлуки, да поставиш насока и да почнеш да делуваш свесно и фокусирано.

Не e мотивација, туку процес.


За кого е наменет коучингот?

Овој процес е за луѓе кои:

  • се здрави, функционални и способни, но се чувствуваат заглавено,
  • имаат повеќе опции, но немаат јасна насока,
  • сакаат промена, но не знаат од каде да почнат,
  • сакаат повеќе смисла и контрола во кариерата и животот.

Услуги

Сите средби се еден-на-еден сесии, насочени кон истражување на твојата професионална насока, потенцијали и цели.

Со поставување на системски констелации заедно ќе работиме на согледување на влијанието на системите во кои егзистираш врз донесувањето јасни одлуки.


Да се запознаеме

Здраво, јас сум Искра – Професионален системски коуч и основач на Кларитас, место каде луѓето доаѓаат кога се наоѓаат пред важно прашање: “Што понатаму?”

Со помош на системски констелации и НЛП техники и разговори не давам готови одговори, туку помагам секој клиент сам да ги открие своите способности, вредности и вистинска насока.

Што велат задоволните клиенти

“После второто дете ми беше многу тешко да се одлучам дали да се вратам на работа или да почнам нешто свое за да имам повеќе флексибилно време. Искра ми помогна да размислувам појасно и да се чувствувам добро со одлуката.”

Ирена, 36 год.

“Со години работам во голема компанија, но напредувањето во платата одеше бавно. Бев решена да напуштам. Во разговорите со Искра заклучив дека всушност сум многу среќна во компанијата. Развивме техники со кои би можела да се изборам за подобри услови. Покачувањето дојде неверојатно брзо, а и целата работна атмосфера се промени на подобро затоа што јас си поставив здраво граници.”

Дијана, 28 год.

Место за твоето искуство…

— Сподели го, некому ќе му користи

Одговорите не се секогаш гласни…

Понекогаш треба да забавиш за да ги чуеш.

Искра Трајковска

HR Specialist I Professional Systemic Coach I M-r in Communication Sciences