Вовед

Секој човек носи сопствен потенцијал, но понекогаш му е потребен простор, поддршка и јасност за да го препознае и насочи. Мојата визија е да создадам средина во која луѓето свесно ги носат своите професионални одлуки и градат кариера усогласена со нивните вредности, таленти и животни приоритети.

Мојата мисија е да ти помогнам да застанеш, да се поврзеш со себе и да добиеш јасна слика каде си сега и каде сакаш да одиш. Симболиката на логото го претставува тој процес – движење, раст и избор. Тоа е патување од конфузија кон јасност, од сомнеж кон самодоверба. Секој негов елемент има значење и е темелен на принципите на НЛП (Невро-лингвистичко програмирање) и патот до професионална ориентација.

Силуетата на главата го симболизира умот – местото каде што се создаваат уверувањата, одлуките и изборите. Во НЛП веруваме дека промената започнува од внатре, од начинот на кој размислуваме за себе и за своите можности.

Мрежата на мозокот претставува вештини, таленти, искуства и потенцијали кои секој човек веќе ги носи во себе. Мојата работа е да помогнам тие ресурси да се препознаат, поврзат и искористат на вистински начин.

Патот до внатрешноста на умот го симболизира личното патување – од збунетост кон јасност, од сомнеж кон сигурна одлука. Патот е важен исто колку и целта!

Насоките покажуваат избори и алтернативи. Наместо “една вистинска професија”, верувам во информиран избор, усогласен со личните вредности, способности и визија за животот.

Боите:

  • Сината носи доверба и јасно размислување.
  • Зелената симболизира смиреност, но и раст и развој
  • Црвената претставува животна енергија, мотивација и акција

Мојата порака е јасна: Секој човек има потенцијал. Со вистински прашања, техники и поддршка, вистинската насока станува јасно видлива.

Јас не нудам готови решенија, туку процес во кој ти си активен креатор на сопствениот професионален развој.

Нови патишта. Нови можности. Нови успеси.