Коучинг за професионлна ориентација е за професионалци кои на хартија имаат „сè“, но одвнатре чувствуваат застој, замор или незадоволство. За оние кои секојдневно ја вршат истата работа, но сè почесто се прашуваат дали ова е вистинската насока за нив.
За луѓе кои размислуваат за промена на кариера, но ги кочи стравот од неизвесност, финансии или прашањето дали воопшто е „предоцна“ за нов почеток. За лица кои се чувствуваат притиснати од уверувањата и стереотипите на околината, а чувствуваат дека можат многу повеќе.
Овој процес е за тебе ако:
- се наоѓаш на раскрсница и не можеш да донесеш јасна одлука
- имаш стабилна работа, но чувствуваш незадоволство или конфузија
- раководиш со тимови, но имаш потешкотии во раководењето
- размислуваш за промена на кариера или индустрија
- за прв пат избираш кариера или правиш први професионални чекори
- невработен/а си и се уште се бараш себе си и каде припаѓаш професионално.

Во процесот можеш да очекуваш:
- поголема јасност за твоите лични интереси и вредности
- откривање на сопствените потенцијали и вештини
- дефинирање реални и значајни професионални цели
- зголемена самодоверба во донесувањето одлуки
- конкретни чекори и план за понатамошен развој
Секој процес е индивидуален и се прилагодува на твоите потреби, темпо и контекст.
