Што е коучинг?

Личен или професионален развоен процес е партнерски и структуриран процес кој ти помага да ги освестиш своите цели, ресурси и можности и да донесеш одлуки што се вистински за тебе. Преку прашања, рефлексија и практични алатки, коучингот ти помага да добиеш јасност и насока.

Коучингот е:

  • простор за истражување и лична одговорност
  • процес насочен кон иднината и решенијата
  • поддршка во донесување професионални одлуки
  • развој на самодоверба и свесност

Коучингот не е:

  • советување или кажување што „треба“ да направиш
  • терапија или работа со клинички состојби
  • брзо решение без лична вклученост

Коучингот функционира кога си подготвен/а активно да работиш на себе и да преземеш одговорност за сопствениот развој.

Не е мотивација, туку процес!