Здраво, јас сум Искра!
По професија сум допломиран комуниколог, со завршени дипломски и магистерски студии по комуникациски науки. Еден од омилените предмети ми беше социјална психологија. И бидејќи имав интерес и желба за применета психологија, завршив акредитирана едукација за да се стекнам со звањето Professional Systemic Coach (професионален системски коуч). Денес, јас сум основач на Кларитас, место каде луѓето доаѓаат кога се наоѓаат пред важно прашање: “Што понатаму?“
Работам со луѓе кои:
- се двоумат при избор на образование или кариера
- чувствуваат дека имаат повеќе потенцијали, но не знаат како да ги насочат,
- сакаат промена, но им недостасува јасност и сигурност во одлуката.
Со помош на системски констелации и НЛП техники и разговори јас не давам готови одговори, туку помагам секој клиент сам да ги открие своите способности, вредности и вистинска насока.
Верувам дека талентот не се измислува, туку се препознава. Добрата професионална одлука е онаа која е во склад со личноста. А кога умот има јасност, чекорите стануваат полесни.

Оваа канцеларија ја создадов со една јасна цел – луѓето да носат одлуки со сигурност, а не од страв или притисок.
Ако си на крстопат, ако се прашуваш дали си на вистинскиот пат или сакаш да го отклучиш својот потенцијал, јас сум тука да те поддржам.
Нови патишта. Нови можности. Нови успеси.









